
Со големо задоволство све информираме дека во пресрет на 13-ти Март – СВЕСТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ, Сојузот на здруженија на дијабетичари – СЗДСМ, потпиша ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА со Специјална болница за нефрологија со дијализа Diamed Скопје.
Генералната цел, на овој договор е да се воспостави и унапредува соработката помеѓу наведените субјекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес, за едукација и превенција и современ третман на кардио – васкуларни и нефропатски компликации, преку координирано спроведување на заеднички активности.
Посебни цели на договорот се:
- Едукацијата и информирањето за потребата од превенција и спречување за кардио – васкуларните и нефропатските компликации е топ приоритет за Лицата со дијабетес (ЛсД)
- Намалувањето на дебелината/обезноста, крвниот притисок и високото ниво на шеќер кај ЛсД се најважните фактори за превенција на компликации
- Потребно е да се користи иновативна терапија, медицински помагала и опрема која постои и да биде на располагање на ЛсД
- Потребна е координација помеѓу здравствените институции кога станува збор за ДМ и превенција на компликациите
- Следење на параметрите на ЛсД во примарното здравство, и раното реагирање може да превенира компликации кај ЛсД.
- Самите ЛсД треба да бараат проверка на урината (уринарен седимент) и крвни анализи најмалку еднаш годишно за да се направи проверка за состојбата и функцијата на бубрезите
- Потребно е да се едуцираат ЛсД и медицинскиот кадар во примарно здравство за тоа кои лекарства и здравствени состојби можат да влијаат негативно на работата и функцијата на кардио – васкуларните и нефропатски органи.
- Има потреба од спроведување истражувања и студии на ЛсД и лицата на дијализа за да се увидат најновите трендови и ефикасни налини за превенција.
Клучни активности:
- Превенција на кардио – васкуларни, нефропатски и невропатски компликации од дијабетес – учество на доктори вработени во ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје во кампањи за поддигнување на свесноста на населението за дијабетесот и факторите кои предизвикуваат компликации организирани од Сојуз на здруженија на дијабетичари.
- Имплементација на координирани скриниг програми за рано откривање на ХББ, особено во руралните средини,
- Акции за навремено воведување на иновативна терапија и унапредување на нивото на знаењата кај ново дијагностицираните и останатите лица со компликации по пат на зајакнување на едукативните центри за правилен пристап во самоменаџирањето на дијабетсот.