МЕДИЦИНСКА СЕСТРА / ТЕХНИЧАР

ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат. 

За потребите на Специјалната болницата Диамед, имаме потреба од: 

  1. Медицинска сестра/техничар  (на определено време, со можност за продолжување)

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:

  • завршено средно/вишо образование од областа на медицина,
  • положен државен испит;
  • претходно работно искуство ќе се смета за предност/но може да конкурираат и кандидати без претходно работно искуство
  • познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • познавање на англиски јазик (пишување и зборување),

ЛИЧЕН ПРОФИЛ 

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
  • Почитување на правила и кодекс на работа,
  • Внимателност и прецизност при работењето,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,
  • Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика

ШТО НУДИМЕ:

Конкурентско месечно примање, регрес на годишен одмор, можност за дополнителни едукации, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.

Огласот е отворен 15 дена. Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил:  tanja.stosikj@dmed-medical.com

Скролувајте до врвот