ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА
ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат.
За потребите на Специјалната болницата Диамед, имаме потреба од:
- Доктор специјалист по интерна медицина
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование-Медицински факултет,
- Лиценца за работа од Лекарска комора на Македонија;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност/но може да конкурираат и кандидати без претходно работно искуство
- Познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
- Познавање на англиски јазик (пишување и зборување),
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
- Почитување на правила и кодекс на работа,
- Внимателност и прецизност при работењето,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,
- Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика
ШТО НУДИМЕ:
Редовно месечно примање, регрес за годишен одмор, можност за дополнителни едукации, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.
Огласот е отворен 15 дена. Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил: tanja.stosikj@dmed-medical.com