Болницата беше исполнета со детска смеа и љубопитност! Малите другарчиња од градинката „Пиколини“ ни дојдоа во посета, а ние со големо задоволство ги воведовме во светот на здравјето.
Преку едукативна и интерактивна содржина, им објаснивме како да се грижат за своето тело – со здрава исхрана, добра хигиена и редовна физичка активност. Со многу игри и дружба, научивме за важноста на органите во нашето тело и како да ги чуваме здрави.
Најмалите се нашата иднина, а грижата за нивното здравје започнува уште од најрана возраст.
Благодариме на градинката „Пиколини“ за прекрасната соработка – со нетрпение очекуваме нови дружења!