Карцином на панкреас -👩‍⚕️Др.Билјана Ѓорѓиевска, супспецијалист гастроентерохепатолог

👩‍⚕️Др.Билјана Ѓорѓиевска, супспецијалист гастроентерохепатолог, оддел Гастроентерохепатологија во
🏨Специјална болница Д.мед Медикал👇

Карцином на панкреас

Во раните фази симптомите и знаците на болеста обично се наведуваат како чувство на полност и непријатност во стомакот, губење апетит. Сепак, лекарите и пациентите ги третираат овие симтоми како едноставни болки во стомакот, затоа е и потешко да се постави рана дијагноза на болеста.

📌Што претставува?

Карциномот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот растат неконтролирано и се размножуваат многу брзо.

📌Кои се фактори на ризик?

Ризична група за карцином на панкреас се лицата на возраст од 40 до 60 години.

📌Кои се симптомите?

Првите симптоми на болеста, кои се заеднички за речиси сите пациенти, се подуеност во горниот дел од стомакот, чувство на непријатност, губење апетит. Генерално, овие симптоми најчесто се игнорираат и не се сфаќаат сериозно Кога болеста ќе напредне може да се појават јаки болки во стомакот и грбот, жолтица, губење на тежината, подуеност во стомакот. За жал, овие наоди се индикатор дека границата за третман на болеста е надмината.

📌Како се дијагностицира?

За дијагностицирање на карцином на панкреас се прават тестови на крвта и други снимања. Вредностите на тумор маркерите CEA и CA 19 9 кај овие пациенти најчесто се високи. Следните дијагностички процедури се: ултразвук, компјутерска томографија и магнетна резонанца. Со овие методи може значително да се открие болеста.

Скролувајте до врвот