Располага со модерни амбуланти (кабинет по кардиологија, кабинет за функционална дијагностика, дневна болница и интервенции, кој овозможуваат континуирано следење и лекување на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, срцева слабост кардиомипатии, коронарна артериска болест, артериска хипертензија, периферна артериска болест, аритмии и контрола на пејсмејкери, синкопални состојби. Превенција од кардиоваскуларни заболувања, како и советување на пациенти и нивни семејства.
Главен фокус е пациентот да добие третман следејки ги европските и светските препораки во кардиологијата. Нашиот тим, вклучувајки медицински експерти- кардиолози специјалисти по интерна медицина, медицински сестри и други здравствени работници кои имаат за цел да овозможат уникатен пристап и грижа за пациентот по Германски стандард, а воедно да се посветат на благосостојбата и задоволството на секој пациент кој поминува низ вратите на Болница ДМЕД МЕДИКАЛ.
Одеделот ги вклучува следниве услуги:
- Кардиолошки преглед
- Изведување на ЕКГ и негова интерпретација
- Ехокардиографија на срце
- Доплер на периферни крвни садови
- 24ч холтер мониторинг на ритам на срце
- 24ч АБПМ холтер мониторинг на крвен притисок
- Коронарен стрес тест
- Техничка контрола на пејсмејкери
- Консултации на пациенти кои се на хроничен програм на хемодијализа со кардиоваскуларни компликации
- Мониторинг и давање на терапија кај пациенти со акутни состојби во кардиологија (висок притисок, диференцирање на градна болка, третирање на аритмии, колапс итн.)
- Апликација на субкутана,интрамускуларна, и интревенозна ампуларна терапија
- Апликација на интравенозни раствори со медикаментозна терапија