ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА

Акредитирана специјалистичка лабораторија поставена согласно Rili-Bäk критеримуите за квалитет на Лекарската комора на Германија. Спроведува дијагностички иследувања на болнички и амбулантски пациенти, земање на материјал во домашни услови и изработка на анализи од различни биолошки примероци.

Лабораторијата работи широка палета на дијагностички иследувања, осовни и специфични хематолошки, биохемиски и имунолошки тестови, како и високоспецијализарни имунонефролошки тестови за бубрежни болести.

Проценка на составот на бубрежните камчиња преку урина и одредување на причините за нивно настанување (литопрофил), одредување на потеклото на уринарното крварење (фазно-контрастна микроскопија), специфични маркери за следење на функцијата на бубрегот (Cystatin C, NGAL, ..), клиренси на мали и средни молекули при напреднати стадиуми на хронична бубрежна болест – се еден дел од специјализираните тестови.

Главен фокус е пациентот да добие третман следејки ги европските и светските препораки во Лабараториска медицина. Нашиот тим, вклучувајки медицински експерти- специјалист по медицинска биохемија, инжинери по аналитичка биохемија и медицински лабараториски техничари кои имаат за цел да овозможат уникатен пристап и грижа за пациентот по Германски стандард, а воедно да се посветат на благосостојбата и задоволството на секој пациент кој поминува низ вратите на Болница ДМЕД МЕДИКАЛ.

Сертификатите за квалитет, модерната апаратура и персоналот со повеќе децениско медицинско искуство ја диригира поставеноста на лабораторијата во водечките дијагностички институции.

Скролувајте до врвот