Располага со модерни амбуланти (кабинет по гатроентерохепатологија, кабинет за ендоскопска дијагностика, кабинет за ултрасонографија, дневна болница со интервенции, кој овозможуваат континуирано следење и лекување на пациентите со гастроинтестинални и хепатални заболувања. Превенција од гастроенетрохепатални заболувања, како и советување на пациенти и нивни семејства. Главен фокус е пациентот да добие третман следејки ги европските и светските препораки во гастроентерохепатологијата.
Нашиот тим, вклучувајки медицински експерти- гастроентерохепатолози, специјалист по интерна медицина, медицински сестри и други здравствени работници кои имаат за цел да овозможат уникатен пристап и грижа за пациентот по Германски стандард, а воедно да се посветат на благосостојбата и задоволството на секој пациент кој поминува низ вратите на Болница ДМЕД МЕДИКАЛ.
Одеделот ги вклучува следниве услуги:
- Гастроентерохепатолошки преглед
- Дијгностика,водење и третман на состојби на хранопроводник, желудник, дванаестпалечно црево
- ГЕРБ и диспепсија
- Акутни и хронични воспаленија на хранопровод и желудник
- Улкусна болест
- Неоплазми
- Дијгностика,водење и третман на инфламаторни заболувања, варикозни и туморозни промени на црева
- Улцерозен колит
- Кронова болест
- Туморозни формаци
- Хемороиди
- Иритабилен колон
- Дијгностика,водење и третман на црнодробни, билијарни и панкреасни заболувања
- Воспаление/камче на жолчно кесе и патишта
- Автоимуни и вирусни восплениа на црн дроб и панкреас ( хепатитис/панкреатитис)
- Цирози
- Туморозни цистични формации
- Консултации на пациенти кои се на хроничен програм на хемодијализа и кардиоваскуларни компликации
- Ехо на абдомен
- Ендоскопски прегледи опција со седација
- Гастроскопија со склерозација
- Колоноскопија
- Ректоскопија
- Биопсија при ендоскопски преглед и испраќање за хистопатолошка анализа
- Пункција на асцитна течност
- Мониторинг и давање на терапија кај пациенти со акутни состојби во гастроентерохепатологија
- Апликација на субкутана,интрамускуларна, интревенозна ампуларна терапија
- Апликација на интравенозни раствори со медикаментозна терапија